Safe2Eat
#Safe2EatEU има цел да ти помогне да откриеш повеќе за безбедноста на храната во Европа и за начинот на кој можеш да донесеш добро информирани одлуки за храната што ќе ја купиш, јадеш и во која безбедно и здраво ќе уживаш секој ден.
Теми за Safe2Eat
Што содржи твојата храна
Повеќето од нас се грижиме за тоа што содржи нашата храна, без оглед дали купуваме во супермаркет, готвиме дома или јадеме надвор со пријателите и со семејството.
Храната и твоето здравје
За повеќето од нас разновидноста на тоа што го јадеме – со користење голема количина свежи состојки покрај преработената храна, како и различни начини на готвење – помага да ја ставиме во рамнотежа нашата исхрана и да придонесеме за нашето здравје и благосостојба.
Безбедно ракување со храната
Твојата храна е безбедна кога е свежа и правилно се ракува со неа. Европските и националните прописи поддржани од науката ги поддржуваат фармерите, компаниите, рестораните и вас, потрошувачите, во обезбедувањето вашиот дневен оброк да биде безбеден за консумирање.
Земји учеснички
Најди податоци за безбедноста на храната во твојата земја – со приспособени информации за тоа што се случува во сите наши земји учеснички.
Комплет со алатки
Нашиот комплет со алатки обезбедува посебни ресурси за секоја земја – печатени материјали, визуелни материјали, постови во социјалните медиуми итн. – за избрани теми за безбедноста на храната, хигиената на храната и за здравјето и исхраната.